Изненадување на вечерта – „најомразената актерка во Холивуд“ се појави на Мет гала
Со оглед на тоа што во изминатата година беше прогласена за „најомразена личност во Холивуд“, а јавно водеше и правен спор со колега актер, многумина беа изненадени кога Блејк Лајвли сепак се појави на годинашниот црвен тепих на Мет гала.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Актерката во понеделникот вечер пристигна во гламурозно издание за своето големо враќање на галата, откако последен пат присуствуваше во 2022 година. За најважната модна вечер избра архивска креација на „Ателје Версаче“ од пролетта 2006 година.
„Чест ми е што присуствувам заедно со Донатела Версаче, нешто што не го сфаќам лесно. Не сум била тука откако го родив моето четврто дете. Секоја година сум поинаква верзија од себе, па затоа ми е важно да стојам во верзијата што сум денес – со сите искуства, сила и самодоверба. Во исто време, важно е и да останам дома со децата, во пижами на каучот. Можноста да го имам и едното и другото е привилегија за која секогаш ќе бидам благодарна“, изјави таа за „Вог“.
Донатела Версаче додаде: „Блејк изгледа неверојатно во архивската креација на ‘Ателје Версаче’. Таа имала многу иконични модни моменти на Мет гала, а оваа вечер не е исклучок.“

Нејзиниот фустан е инспириран од венецијанските рококо-слики од 18 век, во пастелни тонови, и содржи тродимензионални архитектонски елементи. „Бидејќи темата е заснована на уметноста, сакав да носам архивско парче. Облеката навистина е платно и раскажува приказна, па беше посебно чувството да облечам нешто што има своја историја и го издржало тестот на времето“, појасни актерката.
Изгледот го заокружи со лично значаен детал – специјално изработена чанта од „Џудит Лајбер Кутур“, украсена со шарени уметнички цртежи од нејзините четири деца, кои ги има со сопругот Рајан Рејнолдс.
„Да ги имам децата со мене, на кој било начин, секогаш е најубавото чувство – тоа секогаш ќе биде финалето“, изјави Лајвли.
На галата пристигна само еден ден откако беше објавено дека таа и актерот Џастин Балдони постигнале спогодба во долгогодишниот судски спор, само две недели пред почетокот на судењето. Во заедничко соопштение, двете страни наведоа дека снимањето на филмот било предизвикувачко и дека постоеле тензии и несогласувања, но изразија надеж дека спогодбата ќе им овозможи на сите вклучени да продолжат понатаму во мир. Сепак, ниту една страна не се извини ниту призна вина.
ГАЛЕРИЈА | „Модата како уметност“: Ѕвездите ја претворија Мет гала во живо ремек-дело


