Историјата се повторува во Барселона, уште еден тренер добива отказ во Лисабон?!

Барселона го отпушти Холанѓанецот во ноември 2021 година/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Барселона игра очајно сезонава откако остана без Лионел Меси, а се чини дека историјата ќе се повтори од 2020 година. Веќе на сите им е јасно дека времето на Роналд Куман во Барселона е завршено и се чини дека ќе го снајде истата судбина како и Кике Сетиен кој го „отсвире“ своето токму во Лисабон.

Во 2020 година за завршниот турнир од Лигата на шампионите кој се играше токму во Лисабон, Барселона загуби со 2:8 од Баерн Минхен во четвртфиналето на ЛШ по што Сетиен експресно доби отказ, а вчера каталонскиот тим беше понижен од Бенфика.

Иако не е единствен виновник за очајните резултати, посебно во ЛШ каде во првите две кола Барселона има два порази од по 0:3, и навивачите и медиумите, но и самата управа се свесни дека Куман не смее да го предводи тимот на следниот натпревар. Холанѓанецот има најголема одговорност за катастрофалните одлуки кои доведоа до убедлив пораз од Бенфика.

Барселона не знае да игра во формацијата 3-5-2, а притоа Серхи Роберто игра на крилната позиција, додека од клупата натпреварот го почнаа Оскар Мингеза и Гави кои беа најдобри на последниот натпревар во Ла Лига.

Згора на тоа, на половина час пред крајот на натпреварот го замени Жерар Пике и во одбраната го стави Де Јонг.
Ова за каталонските медиуми како „Спорт“ и „Мундо Депортиво“ е знак дека Куман го загуби компасот и мора што побрзо да си замине од клупата. Но, проблемот е што претседателот Жоан Лапорта не може да најде квалитетно решение, легендарниот капитен Чави Ернандез сè уште се споменува во медиумите, но вистината е дека нема никакви преговори со него.

Можно е Лапорта да одлучи да почека до средината на октомври и да се обиде да се договори со Роберто Мартинез, актуелниот селектор на Белгија, а дотогаш да се најде привремено решение. Засега е сигурно дека тренерот на вториот тим Серхи Бархуан нема да биде тоа решение, а прашање дали Оскар Гарсија кој го има носено дресот на Барселона ќе прифати да биде тренер за еден месец или за една полусезина.

Како и да се Лапорта веќе одржал состанок со фудбалерите по натпреварот со Бенфика и на него не присуствувал Куман, што е уште еден знак дека деновите на Холанѓанецот се одброени. 

ВИДЕО: Зенит броеше до четири против Малме и новиот македонски репрезентативец Ракип

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот