ВИДЕО: Зенит броеше до четири против Малме и новиот македонски репрезентативец Ракип

Зенит убедливо славеше на домашен терен против шведскиот Малме (4:0)/Ст. Петерсбург, Русија/29 септември 2021/Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Одиграни се два нови натпревари од второто коло во Лигата на шампионите, триумфи забележаа екипите на Аталанта и Јанг Бојс.

Во рамките од групата „Ф“ Аталанта ја забележа првата победа сезонава откако на стадионот во Бергамо со 1:0 славеше над швајцарскиот Јанг Бојс. Италијанците дојдоа до бодовите со погодок во 68 минута преку Песина, асистент беше Запата.

Претходно во текот на првото полувреме, поточно во 17 минута домаќините постигнаа гол, но истиот беше поништен поради офсајд по прегледувањето на ВАР снимката.

Рускиот Зенит во групата „Х“ беше убедлив на домашен терен во Ст. Петерсбург, откако со 4:0 го надигра Малме.

Стартер во редовите на шведскиот Малме беше Ердал Ракип, новиот македонски репрезентативец кој денеска се најде на списокот играчи кај селекторот Благоја Милевски за претстојните мундијалски квалификациски мечеви со Лихтенштајн и Германија во октомври.

Клаудињо во деветтата минута ја започна гол-серијата, на стартот од вториот дел за зголемување на предноста се погрижи Кузјајев.

Во 53 минута играта ја напушти Ракип, а 120 секунди пред да се пресели на клупата црвен картон доби неговиот соиграч Ахмедхоџиќ со што дополнително се отежни задачата на гостите.

Овој момент го искористија домаќините кои реализираа уште два гола, најпрвин во 80 минута стрелаше Сутормин и Вендел во самиот финиш од средбата на „Газпром Арена“ за прва победа сезонава во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот