Хувентуд и Димитријевиќ против Партизан, Уникс Казан, Венеција..!

фото: kfsm.mk

По четири најдобри од секоја од групите ќе обезбеди пласман во ТОП 16 фазата…

Денеска беа формирани четирите натпреварувачки групи за новата сезона 2020/2021 во Еврокупот. Вкупно 24 клубови кои доаѓаат од 15 различни држави од Европа се најдоа во барабаните, односно групите на носители на ждрепката одржана во Барселона.

Овие екипи поделени во четири групи по шест, ќе одиграат по десет мечеви (пет на домашен, и исто толку на гостински терен) во периодот од 30.септември до 16.декември.

По четири најдобри од секоја од групите ќе обезбеди пласман во ТОП 16 фазата. Односно нови четири групи, со по четири екипи, кои ќе одиграат уште шест натпревари во групната фаза која е предвидена да се реализира од 20.декември 2020, до 3.февруари 2021 година.

Четвртфиналната серија „подобар во три“ натпревари ќе се игра во периодот од 2. до 10.март, а полуфиналните серии се на програмата од 16. до 24. март. Големото финале пак е закажано за периодот од 6-14.април.

Доколку Ненад Димитријевиќ остане и следната сезона во шпанската екипа на Хувентуд Бадалона, и Македонија ќе има претставник во ова натпреварување. Потсетување дека за нашиот плејмејкер интерес покажа евролигашот Валенсија.

ГРУПА А: Уникс, Хувентуд, Партизан, Венеција, Бахчешехир, Бург

ГРУПА Б: Уникаха, Будуќност, Макаби Ришон Ле Зион, Бреша, Улм Ратиофарм, Булоњ

ГРУПА Ц: Локомотив Кубан, Морабанк Андора, Лиеткабелис, Виртус Болоња, Монако, Остенде

ГРУПА Д: Промитеас Патра, Гран Канарија, Тренто, Цедевита Олимпија, Бурсаспор, Нантер 92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот