Евролигаш со понуда за македонскиот репрезентативец Димитријевиќ

twitter.com/MarcMundet78

Валенсија е редовен учесник во најсилното европско клупско натпреварување, Евролигата, а ќе биде учесник и во следната сезона 2020/21.

Македонскиот репрезентативец блеска досега во дресот на Хувентуд Бадалона и благодарение на тие игри сега се наоѓа и во конкуренција за најдобар млад играч во Шпанија.

Ненад Димитријевиќ воедно го привлекува и вниманието на другите клубови, а помеѓу нив и еден кој настапува во Евролигата. Станува збор за шпанскиот состав на Валенсија кој покажува интерес за нашиот 22-годишен плејмејкер.

Валенсија е редовен учесник во најсилното европско клупско натпреварување, Евролигата, а ќе биде учесник и во следната сезона 2020/21.

Доколку биде ангажиран од Валенсија, би можел првата година да ја помине како позајмица во клубот од Бадалона.

Просечно во најсилната шпанска Ендеса лига имаше осум поени и 3.3 асистенции, додека во Еврокупот 11.9 поени и 3.9 асистенции по меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот