Гвинет Палтроу - Фото: Принтскрин

Гвинет Палтроу го „чисти“ плакарот – 500 лични предмети на холивудската ѕвезда одат на аукција

Оскаровката Гвинет Палтроу одлучи да се збогува со дел од својата историја. По повеќе од три децении поминати во врвот на Холивуд, актерката понуди колекција од 500 приватни предмети што ќе бидат ставени на аукција, пренесува магазинот „Гардијан“.

Од култниот розов фустан до музички признанија

Аукцијата нуди фасцинантен поглед во нејзиниот приватен живот и кариера. Меѓу највпечатливите експонати се модните парчиња, а како најсимболичен се издвојува оригиналната скица на розовиот фустан од Ралф Лорен, во кој Гвинет го подигна својот Оскар во 1999 година.

Покрај облеката, на продажба се понудени и награди и признанија, Дел од статуетките што ги освоила низ кариерата, музички сувенири, платинеста плоча за албумот „Duets“, што потсетува на нејзиниот талент за пеење, уметност и мебел, како луксузни маси со огледала, стилски фотелји и фотографии од легендарниот Стивен Мајсел направени за магазинот „Вог“.

Гвинет Палтроу за „Венити фер“ / Фото: Инстаграм/„Венити фер“

Понудени и дел од фотографиите со Крис Мартин

Она што најмногу ги изненади колекционерите е вклучувањето на приватни фотографии. На аукцијата ќе се најдат досега невидени кадри со нејзиниот брат Џејк, но и фотографии со нејзиниот поранешен сопруг, фронтменот на групата „Колдплеј“ (Coldplay), Крис Мартин.

Аукцијата ја организира познатата куќа „Julien’s Auctions“, а настанот ќе се одржи на 24 и 25 март во Лос Анџелес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот