„Градот под мене изгледа како пекол, удавен е во магла“: Пере од „Нокаут“ потсетува колку е важно да се тргнеме од хаосот и стресот на секојдневието
Скопје периодов е еден од најзагадените градови во светот, а маглата и смогот се речиси секојдневие. Токму оваа алармантна ситуација, ги тера жителите на главниот град да ги посетат повисоките планински места и барем на кратко да си овозможат одмор и чист воздух за дишење.
Препорачано
Еден од нив е и музичарот Никола Перевски Пере, кој заедно со семејството го посети Водно, се со цел барем за момент да се оттргне од градскиот хаос и загаден воздух. Тој со објава на својот Инстаграм профил, ги потсети своите следбеници колку е важно да се оттргнат од вревата и стресот и да се посветат на себе.
– Додека се качувам со жичарницата до врвот на Водно, се чувствувам како да се издигнувам над хаосот на секојдневието. Градот под мене изгледа пекол, нема град, удавен во валкана магла. Но овде, на 1000 m надморска височина е рај, сонце, можам да дишам длабоко и слободно. Оваа панорама ме потсетува колку е важно повремено да се оттргнеме од вревата и стресот, за да најдеме мир во себе. Уживам во секој момент, уживајте и вие на свеж и чист воздух – напиша пејачот.
View this post on Instagram


