Горивата од ноќеска со нови, повисоки цени

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар на бензинот од околу 11,3 отсто и на дизелот за околу 10,42 отсто во изминатите седум дена, како и за 1,933 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за движењето на цените на нафтените деривати за престојната недела до идниот понеделник кога ќе биде извршена нова корекција согласно движењата на цената на нафтата на светските пазари.

Како што и се очекуваше од ноќеска на полноќ корисниците ќе треба да одвојат повисока сума за гориво.

Според регулаторите горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден до 1,5 денар по литар, со што се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,23 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за еден денар по литар и ќе изнесуваат 58, односно 50 денари. Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,5 денар по литар и ќе се продаваат за 60,5 и за 39 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,353 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 24,613 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар на бензинот од околу 11,3 отсто и на дизелот за околу 10,42 отсто во изминатите седум дена, како и за 1,933 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот