Горан Герасимовски од СДСМ прогласи победа во Центар, води со 2.000 гласа разлика

„Центар останува во вистински раце, победуваме убедливо со речиси 2000 гласа разлика!“, објави вечерва кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски.

„Сакам да им заблагодарам на сите граѓани кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката. Центар останува демократска и отворена општина. Веќе од утре започнуваме со работа да ја оправдаме довербата и да продолжиме да ја развиваме општината и да го подигнуваме квалитетот на животот за центарци. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам и на сите кандидати кои беа дел од изборите во Општина Центар и за демократскиот изборен ден“, напиша Герасимовски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот