Ѓоковиќ ги моли навивачите да не ја навредуваат судијката

Новак минатата година беше дисквалификуван од УС Опен/Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Новак Ѓоковиќ повторно се огласи преку социјалните мрежи откако претходно на идентичен начин се извини за ненамерното удирање со топчето на линиската судијка Лаура Кларк.

Најдобриот тенисер на светот е дисквалификуван од УС Опен бидејќи со топчето удри линиска судијка во пределот на вратот.

Ѓоковиќ дисквалификуван од УС Опен! (ВИДЕО)

Ѓоковиќ веднаш се извини за потегот, притрча да види дали е се во ред судијката Лаура Кларк, но организаторот немаше друг избор и го дисквалификува од турнирот.

Мекинро: Новак ќе биде „лошо момче“ до крајот на кариерата

Потоа Ѓоковиќ не присуствуваше на прес конференцијата туку веднаш замина за Европа и се огласи преку социјалните мрежи притоа извинувајќи се на судијката.

Која е „Жената мачка“, судијката поради која Ѓоковиќ е дисквалификуван од УС Опен

Неговите навивачи веднаш започнаа хајка против Лаура Кларк на социјалните мрежи и брутално ја навредуваа бидејќи според нив таа одглумила и дека ударот не бил толку опасен за нејзиното здравје.

Поради тоа Ѓоковиќ уште еднаш се огласи и тоа преку Твитер и побара да запрат навредите кон судијката:
„Драги навивачи, ви благодарам на сите позитивни пораки. Ве молам, запомнете дека на линиската судија која беше погодена исто така и е потребна наша поддршка. Не направи ништо лошо. Ве молам да ја поддржите“, порача Ѓоковиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот