Ѓоковиќ: Сакам да ја крунисам најдобрата сезона со уште еден Грен слем

Српскиот тениски ас голем фаворит и на УС Опен“ во Њујорк (САД)/Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Новак Ѓоковиќ е првиот фаворит за титулата и на последниот грен слем турнир сезонава „УС Опен“ во кој нема да бидат Рафаел Надал, Рожер Федерер и бранителот на титулата од минатата година, Доминик Тим.

Но, на српскиот ас нема да му биде лесно по напорното натпреварување на „Вимблдон“, а потоа и на Летните олимписки игри во Токио.

– Имав многу одмор, доволно само за тенисер. Поминаа три и пол недели од последниот меч. Ние сме навикнати на тоа. Тенис се игра во текот на целата година, немавме многу одмор, особено во олимписката година. Имав одлично лето, бев доста исцрпен, но не можам да се жалам – вели Ѓоковиќ.

Ноле е на чекор од испишување на историја, доколку биде најдобар и во Њујорк (САД), ќе го освои календарскиот „златен“ слем, закитувајќи се со сите четири грен слем трофеи во една година.

– Ја имав најдобрата сезона што се однесува до Гренд Слем турнирите и се надевам дека можам да ја крунисам со уште еден триумф – додаде Ѓоковиќ.

Брутално е тоа што му го прават, Ѓоковиќ е како гладијатор чија крв ја сакаат 20.000 луѓе

Ѓоковиќ потпиша договор кој ќе му донесе 40 милиони евра за четири години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот