Ѓоковиќ потпиша договор кој ќе му донесе 40 милиони евра за четири години

За славниот Бекер, Ѓоковиќ е најголем фаворит на „УС Опен“ / фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ го продолжи договорот со компанијата „Лакост“. Ѓоковиќ ќе остане заштитно лице на „Лакост“ до 2025 година, а овој договор ќе му биде еден од најголемите спонзорски договори на српскиот тенисер.

Соработката помеѓу францускиот производител на спортска опрема и Ѓоковиќ започна во 2017 година кога Србинот одлучи да не го продолжи договорот со јапонскиот производител „Уникло“.
Според првиот договор, Ѓоковиќ од „Лакост“ добиваше 9.4 милиони евра годишно, а се очекува сумата да не бида помала и со новиот договор.

„Партнери од 2017 година, Лакост и Новак Ѓоковиќ со гордост објавуват дека соработката продолжува до 2025 година. Неверојатен спортсти и светски рекет број еден кој ги дели заедничките вредности со францускиот крокодил: одважност, посветеност, елеганција“, стои во соопштението на Лакост која во наредните четири години ќе уплати до 40 милиони евра на банкарското конто на Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот