Брутално е тоа што му го прават, Ѓоковиќ е како гладијатор чија крв ја сакаат 20.000 луѓе

Новак често „игра“ и против публиката на трибините/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Поранешната британска тенисерка, Анабел Крофт која сега работи како аналитичар, во својата анализа пред стартот на последниот годинешен грен слем турнир, УС Опен, зборуваше за Новак Ѓоковиќ и тоа што му го прави  публиката во Њујорк.

Ѓоковиќ е главен фаворит за титулата на грен слем турнирот кој започнува в понеделник, но покрај младите тенисери како Данил Медведев, Стефанос Циципас и Александер Зверев, извесно е дека противник ќе му биде и публиката.

Понекогаш е болно да се гледа, се сеќавам дека бев на УС Опен во 2015 година кога Новак играше против Федерер и изгледаше дека целиот стадион е против него. Имаше тишина кога ќе погодеше винер и ќе освоеше поен, а навивање кога ќе промашеше. Сепак, храброста која ја покажа за да победи на тој дуел беше неверојатна. Јас бев покрај теренот и не можам да верувам дека 20.000 луѓе ја сакаа неговата крв и се надеваа дека ќе загуби. Беше брутално на многу начини. Тоа е како да гледате гладијатор кого сите сакаат да го распарчат на парчиња. Сè уште ми поминуваат морници кога ќе се сетам на тие моменти, а тој не се вознемири. Беше емотивно добро подготвен да се носи со такво нешто. Навистина беше импресивно како изгледаше на теренот – вели Крофт.

Поранешната тенисерка вели дека на крајот Новак Ѓоковиќ сепак ќе ја добие љубовта од навивачите во Њујорк и дека нешто слично се случуваше и со Џон Мекинро во 1980-тите години.

– Навистина се надевам дека ќе ја добие љубовта и почестите кои ги заслужува со оглед на сите постигнување кои ги оствари. Израснав во ерата на Џон Мекинро кој беше непопуларен во 1980-тите години. Беше означен како лошо момче и непријател на тенисот, а некој тогаш ми кажа дека со тек на времето ќе ја добие љубовта од навивачите и мислам дека истото ќе се случи и со Ѓоковиќ. Мене навистина ми е интересно кога го интервјуирам Ѓоковиќ. Се обидува да дознае информации буквално за се. Не можам доволно да кажам и да опишам колку ми е жал што не ја добива поддршката која сигурно ја заслужува – вели Анабел Крофт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот