Ѓоковиќ не може да игра на „Австралија опен“ доколку не биде вакциниран

Новак Ѓоковиќ не може да ја брани титулата на„Австралија опен“ доколку не е вакциниран/ фото EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Од Австралија пристигна дефинитивно разјаснување на ситуацијата околу најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ. Има многу полемики околу тоа дали српскиот ас ќе настапи на грен слем турнирот „Австралија опен“. Ѓоковиќ би можел да го пропушти првиот Грен слем следната година, бидејќи неговиот статус за вакцинација сè уште не е јавно објавен.

Од Австралија пристигна потврда дека секој што не е вакциниран со најмалку две дози нема да може да учествува на првиот грен слем. Тамошниот министер за имиграција Алекс Хок ги реши сите дилеми.

– Добивме совет од нашите здравствени работници и советници дека нема да пуштиме луѓе во Австралија кои не биле вакцинирани со две дози – рече Хок.

Потоа се осврна на Ѓоковиќ, која е најголемата ѕвезда која треба гостува во Австралија во наредните месеци.

– Немам порака за Новак Ѓоковиќ. Имам порака за секој што сака да дојде во Австралија, па и за него – ќе мора да се вакцинира со две дози – рече министерот за имиграција.

За потсетување, „Австралија опен“ ќе се организира во периодот од 17 до 30 јануари 2022 година.

Ѓоковиќ: Нема да откријам дали се вакцинирав или не

Видео на денот