Ѓоковиќ: Нема да откријам дали се вакцинирав или не

Ѓоковиќ се уште не соопштува јавно дали ќе настапи на Австралија опен/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за плановите за крајот на сезоната, односно на кои турнири планира да игра, како и за вакцинацијата. Ѓоковиќ најави дека планира во 2021 година да настапи на уште три натпреварувања.

– Засега планирам да играм на Мастерсот во Париз, завршниот Мастер во Торино и на Дејвид купот. Тоа е мојот распоред до крајот на сезоната. Во Белград треба да бидам до крајот на неделата, а потоа ќе заминам од Србија за да се посветам на тренинзите и подготовките. Сигурно останувам во Белград до крајот на неделата бидејќи тука децата ми одат на училиште, а на Стефан му е роденден за неколку дена и ќе имаме фамилијарна прослава – изјави Ѓоковиќ во интервју за „Блиц“.

Новак на почетокот од идната година, на Австралија Опен ќе има можност да дојде до 21 грен слем титула во кариерата и да им избега на Рафаел Надал и Рожер Федерер кои имаат по 20 освоени титули од најголемите тениски турнири. Но, за да настапи во Мелбурн, Ѓоковиќ и останатите тенисери и тенисерки ќе мора да исполнат одредени услови.

– Ја следам ситуацијата околу Австралија и колку што разбрав конечната одлука на австралиската влада и тениската федерација на Австралија ќе биде донесена за две недели. Не верувам дека многу ќе се менувааст условите во однос на тоа што веќе го знаеме како што беше случај и на почетокот од оваа година. Најверојатно ќе има некои ограничувања. Тоа што го слушнав од својот менаџер кој е постојан контакт со луѓето од тениската федерација на Австралија, е дека тие се обидуваат да ги подобрат условите за сите, и за тие кои се вакцинирани и за тие кои не се вакцинирани.

Ѓоковиќ на крајот не можеше со сигурност да потврди дали ќе игра во Австралија или не, како и дека нема да окрие дали е вакциниран.

Јас си имам свој став. Нема да го откријам својот статус, дали се вакцинирав или не. Тоа е приватна работа и според нашите закони вие можете и да обвините некого поради такво прашање. Тоа е неумесно прашање. Денеска многу луѓе си земаат слобода да поставуваат такви прашања и и да осудуваат. Што и да одговорите: „Сум, не сум, не знам, размислувам“, тие ќе ги злоупотребат вашите зборови – изјави меѓу останатото Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот