Георгиевски „златен“ на Светскиот куп во Софија!
Македонските таеквондо натпреварувачи се враќаат со медали од Г1 турнирот, а за Георгиевски ова е чекор поблиску до учество на Игрите во Токио.
Како што и најави, тоа и го оствари, најдобриот македонски таеквондист на Г1 турнирот во Софија, се врати со златен медал.
Препорачано
Турнирите со знак Г1 се најквалитетните во овој спорт, Дејан Георгиевски во категоријата +87кг го освои првото место.
Нашиот натпреварувач успеа во финалната борба да го совлада Французинот Омар Ел Јазиди.
После овој нов голем успех, Георгиевски е уште еден чекор поблиску до учество на Летните олимписки игри во Токио 2020.
Тоа не е крај на одличните резултати на македонските натпреварувачи кои успеаја исто така да се закитат со медал на Г1 турнирот во Бугарија.
Марко Стевиќ го освои бронзениот медал во категорија +87кг, а третопласирана беше и Анамарија Георгиевска во категоријата -67кг.
Филип Стаменов дојде до јуниорско злато во категоријата -78кг со доминантен триумф над Србија.
Во овој турнир со силна конкуренција со над 1000 натпреварувачи од целиот свет, сребрени јуниорски медали освоија Дамјан Трајковски и Мила Рељиќ.


