Француски град официјално нареди: ЕДНА НЕДЕЛА ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА БИДЕТЕ ВЕСЕЛИ!

профимедиа

Градоначалникот на една Општина на западот во Франција потпиша уредба со која им укажа на жителите дека треба да „бидат весели“ недела дена во октомври за време на локалниот фестивал во кој е забрането читање книги и прикази со несреќен завршеток, како и слушање на тажна музика.

Фреди Рифо, непартискиот градоначалник на општината Есар-ан-Бокаж, која има 9.000 жители, објави „службена градска одлука“ со која од 5 до 11 октомври ќе се одржи првиот музички фестивал „Радосен град“.

Земајќи ја во предвид брзината со која негативните емоции се шират и развиваат и кои носат опасност за раст на лошото расположение со доаѓањето на есента и намалувањето на бројот на сончеви денови, тој ги повика жителите на својата територија да не примаат никој кој би можел да им го помати истражувањето на радосното чувство.

Со одлуката од 13 септември се „забранува емотивната музика која би можела да звучи депримирачки или тажно, филмови, приказни или книги кои немаат среќен крај“.

Жителите ги повика да „произведуваат ендорфин“, хормонот на среќа, така што ќе се смеат најмалку три пати на ден.

Фреди Рифо кој половина од работното време работи во информатичкиот сектор, објасни дека во земјата постои „премногу тмурно расположение“, па неговата уредба придонесува да се „пробуди духот на радоста“ кај неговото население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот