ФОТО | Зендаја има нова, шик фризура, која „Вог“ ја прогласи за најдобра за 2023!

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Боб – фризурата суверено владее веќе неколку години наназад.

Фризерот на познатите, Лук Хершесон отишол толку далеку што ја прогласил за најголем тренд и за следната година, пишува магазинот „Вог“. Оваа фризура воодушевено ја прифатија многу ѕвезди, како Хелена Кристенсен, Дуа Липа и Каја Гербер, а сега им се придружила и Зендаја.

На еден настан во Лос Анџелес, 26-годишната актерка се појавила со краток боб и така го привлекла вниманието на јавноста. Патецот на страна и многу волумен е новата фризура на Зендаја и неодоливо потсетува на оние ретро од педесеттите години од минатиот век.

Иако е инспирирана од фризура што се носела во минатиот век, Зендаја изгледа многу модерно, така што оваа фризура преку ноќ стана најпребаруваната на интернет, па и магазинот „Вог“ го даде своето мислење, а тоа е дека ова е најубавата фризура за 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hadassah✨ (@zendayacolman1996)

Исто така, во оваа пригода Зендаја уште еднаш покажала дека е кралица на стилот. Облекла црна блуза со бисерни копчиња и миди карирано црно-бело здолниште со потпис на брендот „Скјапарели“. Целиот овој стајлинг го зачинила со познатите чевли на Кристијан Лобутин.

ВИДЕО | Кенан Томпсон за Зендаја: Доволно млада за да глуми средношколка, но престара за Дикаприо

Зендаја е најмладата двократно номинирана актерка за наградите „Еми“ за најдобра главна улога

ФОТО | „Вог“ ги избра петте најдобро облечени жени за 2021 година! Која според вас треба да биде на врвот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот