ФОТО | „Вог“ ги избра петте најдобро облечени жени за 2021 година! Која според вас треба да биде на врвот?
Годината во заминување беше интересна кога станува збор за модата. Славните дами дадоа сè од себе да остават добар впечаток и да се најдат на престижната листа на најдобро облечени, но само поедини жени биле на висина на задачата.
„Вог“ секоја година објавува листа на најдобро стилизирани дами во годината која останува зад нас, а оваа година токму овие пет жени заслужија да ја понесат ласкавата титула.
Модното списание „Вог“ ги избра овие пет дами, а која според вас го заслужува првото место?
Кејт Мос
Британскиот супермодел со години е верна на својот стил, а уредниците на „Вог“ велат дека тој е без маана.
View this post on Instagram
Лејди Гага
Благодарение на филмот „Куќата на Гучи“, Лејди Гага привлече огромно внимание. На црвениот тепих пејчката и актерка блескаше секогаш кога ќе се појавеше и токму затоа и се наоѓа на оваа листа.
View this post on Instagram
Зендаја
Откако се појави на сцената, младата ѕвезда не престанува да воодушевува со своите стајлинзи. „Зендаја сега е жена“, изјавија стилистите за „Вог“ за полнолетството на ѕвездата во 2021 година, за која велат дека е вистинска модна икона.
View this post on Instagram
Дуа Липа
Оваа година пејачката за првпат се најде на оваа листа благодарение на впечатливите комбинации.
Ријана
Веќе навикнавме на тоа Ријана да е избор на „Вог“ од година во година. Пејачката е без дилема жена која одлично се разбира во мода.
View this post on Instagram