Вин Дизел, Двејн Џонсон - Фото: Инстаграм

ФОТО | Вин Дизел прв му „подаде“ рака на Двејн Џонсон: Еве како заврши холивудската „драма“ која траеше 8 години

Вин Дизел ги изненади обожавателите со емотивна објава упатена до Двејн Џонсон, со која, како што изгледа, конечно стави точка на нивната долгогодишна расправија. Иако со години заедно глумеа во блокбастерите од франшизата „Брзи и бесни“, нивната нетрпеливост надвор од снимањето долго време беше јавна тајна.

Вин Дизел објави заедничка фотографија

На својот инстаграм-профил Дизел објави стара заедничка фотографија од снимањето и ја пофали улога на Џонсон во филмот „The Smashing Machine“, во кој тој го глуми ММА легендарниот борец Марк Кер.

„Еден од најголемите дарови во животот не е нешто што може да се купи – тоа се односите што ги создаваш по патот“, напиша Дизел.

„Дозволете ми да го прославам Двејн. Луѓето не разбираат колку труд е потребен секојдневно да се одржува глобалната перцепција. Се сеќавам дека еднаш ги прашав обожавателите со кого би сакале да ме видат во соработка, а една жена по име Јан остави коментар дека ѝ е сон да работам со Двејн“, додаде тој.

Според него, токму тој момент ја започнал едната од најпрепознатливите актерски соработки денес.

„Она што следеше се претвори во еден од најдинамичните актерски парови во кинематографијата – две силни личности кои една со друга се туркаа напред и создадоа нешто незаборавно“.

На крајот додаде дека е горд на својот колега и ја истакна неговата нова улога:

„Двејн навистина го одигра тоа врвно … Не врати во минатото и притоа заблеска.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vin Diesel (@vindiesel)

Кавга што со години ги интригираше фановите

Објавата на Дизел претставува голем пресврт со оглед на нивниот јавен конфликт, кој ескалираше кога Џонсон пред неколку години на Инстаграм го нарече колегата „пи*ка“, по што ја напушти главната франшиза „Брзи и бесни“.

Спорната објава во меѓувреме беше избришана, а се појави непосредно пред излегувањето на филмот „The Fate of the Furious“ во 2017 година.

Во неа Џонсон напиша:

„Моите женски колешки секогаш се неверојатни и ги обожавам. Моите машки колеги, пак, се друга приказна. Некои се однесуваат како чесни луѓе и вистински професионалци, а други не. Тие што не се – премногу се кукавици за да преземат нешто. Пи*ки. Кога ќе го гледате филмот следниот април и ќе помислите дека во некои сцени не глумам, туку буквално ми врие крвта — ќе бидете во право.

Подоцна актерот се извини за зборовите, признавајќи дека тоа „не му бил најдобриот ден“ и дека требало да молчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот