ФОТО | Тамара и Тијана со емотивна честитка: Среќен роденден, мајка, те сакаме до вселената!

Instagram
Фото: Инстаграм

Нашите популарни пејачки, сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ честопати истакнуваат дека семејството е најважно во животот.

Тијана и Тамара неретко објавуваат семејни фотографии, на кои во прв план се нивните деца. Уживање е да се гледаат убавите семејни фотографии што ги споделуваат на социјалните мрежи.

Овој пат, Тамара и Тијана имаат голема причина за славење. Нивната мајка го прослави 73-тиот роденден, за што сведочи и роденденската торта со свеќичките со бројот 73.

Мајката на пејачките, Брана, е поранешна оперска певица, а нивната близина честопати е овековечена со фотографии од семејни собири и дружби.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

На емотивната роденденска фотографија мајката Брана позира со своите внуци Хана и Дарен покрај тортата, а Тамара во описот на фотографијата напишала: „Среќен роденден баби наша, да си ни жива и здрава“.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

И Тијана се придружила кон роденденската честитка на мајка Брана па во описот на објавената фотографија на нејзиниот Инстаграм-стори, напишала: „Среќен роденден мајка, те сакам до зад аголот на вселената“.

ФОТО | Тамара објави емотивна фотографија од родителите: Убавина, гените се вистинско чудо!

ФОТО | Опуштени и среќни: Тамара и Тијана со децата и мајка им ја честитаа Новата година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот