ФОТО | Смело и елегантно издание на Деми Мур во Кан — се појави во огнено црвен фустан на „Гучи“
Актерката Деми Мур трета вечер по ред прошета по црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, а овој пат на премиерата на филмот „Татковина“ каде што блесна во огнено црвена тоалета од „Гучи“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Имено, холивудската ѕвезда пристигна на црвениот тепих во црвена, долга тоалета која ја истакна нејзината фигура и ги истакнува нејзините рамена, давајќи му на целото издание елегантен и софистициран изглед.
Стајлингот го комплетираше со црни потпетици, а кога станува збор за фризури, актерката се држеше повторно до пуштена коса. Целиот изглед го комплетираше со ефектен сребрен накит, обетки и белегзија.

Зборувајќи на прес-конференција претходно, Деми рече дека се чувствува неверојатно почестена што е на фестивалот.
– Тоа е прекрасно искуство, самото тоа што си опкружен со филм и љубовта кон филмот, и радоста да бидеш потопен во филмот и опкружен со оние што го делат тоа, едноставно – почувствував радост. Знаете, само еднаш сум била на Канскиот филмски фестивал, и тоа само како нечија придружба. Затоа е навистина, навистина чест да седам тука денес – рекла Деми.
Мур уште еднаш го потврди својот статус како една од позначајните ѕвезди на овогодинашниот Кански фестивал, каде што нејзините модни изданија привлекуваат големо внимание од јавноста и медиумите ноќ по ноќ.
Деми Мур: Филмската индустрија не може да се бори против растот на вештачката интелигенција


