ФОТО | Петнаесет месеци по инаугурацијата на Трамп, Лорен Санчез проговори за стајлингот за кој зборуваа сите
Сопругата на милијардерот Џеф Безос лани се појави на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во бел костум, а вниманието го привлече градникот од тантела под сакото, кој многумина го оценија како несоодветен за таков настан. Поранешната новинарка за таа свечена пригода избра бел костум од модната куќа „Александeр Мекквин“ и бушаво бело палто од „Скјапарели“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сепак, главната тема на социјалните мрежи беше нејзиниот градник од тантела, кој јасно се наѕираше под сакото.

„Имај малку достоинство“
Критиките тогаш беа жестоки, а една од најгласните беше конзервативната водителка Мегин Кели.
„Имај малку достоинство и почит кон околината во која се наоѓаш. Никој не треба да зборува за твоите гради, туку за инаугурацијата“, изјави тогаш Кели.
Денес, 15 месеци подоцна, Лорен Санчез во интервју за „Њујорк тајмс“ открива дека не се согласува со критичарите. Таа делумно го оправда изгледот со фактот дека церемонијата во последен момент била префрлена во затворен простор, но нагласи дека во тој момент сметала дека е облечена „конзервативно“.
„Бев многу горда на себе“, изјави таа, додавајќи дека не може да разбере зошто луѓето пишуваат негативни коментари на социјалните мрежи.

Лорен истакна дека никогаш не би можела да му напише нешто лошо некому на Инстаграм.
„Тоа би ми го скршило срцето. Сакам само позитивност: Изгледаш одлично, неверојатна си … Зошто да не си делиме цвеќиња на сите?“, порача сопругата на еден од најбогатите луѓе во светот.
Иако минатата година извори блиски до неа тврдеа дека таа воопшто не ги сфаќа сериозно негативните коментари, ова е првпат Санчез директно да го одбрани својот контроверзен моден избор.


