Фото: Pool/ABACA / Shutterstock Editorial / Profimedia

Се појави со чипкаст градник на инаугурацијата на Трамп: Свршеницата на Безос откри што мисли за критиките за нејзиниот изглед

 Лорен Санчез, свршеницата на претприемачот Џеф Безос, со своето издание на инаугурацијата на Доналд Трамп предизвика лавина реакции.

Но, според нови информации, таа е имуна на бројните критики што ги преплавија социјалните мрежи.

„Лорен воопшто не се грижи. Таа прави што сака“, коментирал нејзин пријател за „Пејџ сикс“.

Да потсетиме, поранешната новинарка на инаугурацијата на Трамп во бел капут. Таа ја шокираше јавноста кога го соблече капутот и се појави во бел костум, под кој се назираше бел чипкаст градник. Многумина ова го оценија како несоодветно издание за историски настан.

Санчез го привлече вниманието и на Марк Закерберг, кој седеше со неа. Гледачите забележаа дека неговиот поглед „забега“ кон нејзиното деколте во еден момент, што било доволно да почнат да се шират шеги на нивна сметка на социјалните мрежи.

По инаугурацијата, Санчез присуствуваше на инаугуративниот бал, еден од трите главни настани по инаугурацијата, носејќи долга бресквасто обоена тоалета од „Долче и Габана“.

Подоцна, таа сподели неколку фотографии од настанот. Меѓу илјадниците допаѓања, се појави и името на Закерберг. Сепак, тој бргу го тргна „лајкот“ откако многумина забележаа дека го направил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот