ФОТО | Ниту трага од холивудскиот заводник: Џорџ Клуни прошета во лежерно издание, фановите веднаш му забележаа!

Фото: Профимедиа

Актерот прошета во лежерно издание, но фановите му забележаа дека се запуштил! Миленикот на жените во последно време не внимава толку на својот изглед во јавноста, па така тој често се појавува во лежерно издание…

Папараците го сликале Џорџ Клуни (59) пред студиото во кое тој снима филм, а фотографиите на кои Џорџ Клуни не е во своето најдобро издание веднаш го заобиколија светот.

Фото: Профимедиа

На фотографиите едвај се препознава холивудскиот заводник. Долгата коса, неуредна брада и лошиот избор на гардероба направиле актерот да изгледа целосно запуштено. Фановите не се навикнати да го гледаат во вакво издание, па токму затоа веднаш следеше лавина од негативни коментари за неговиот изглед.

Фото: Профимедиа

„Се надевам дека изгледа вака поради улогата“, „Ѕвезда каква што е тој не смее да си го дозволи ова“, „Каде исчезна оној заводник?“, се само некои од коментарите.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот