Семејството Бекам и Никола Пелц/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Никола Пелц возврати на „провокациите“ на семејството Бекам со луксузни велигденски корпи и златни јајца

Војната меѓу семејството Бекам и нивниот најстар син Бруклин продолжува со полна пареа преку социјалните мрежи. Откако Викторија Бекам сподели фотографии од персонализирани велигденски подароци за целото семејство на кои имињата на Бруклин и Никола беа забележително отсутни, неговата сопруга не остана должна, пренесува „Дејли мејл“.

Викторија Бекам – Фото: Инстаграм/Викторија Бекам
Дејвид Бекам – Фото: Инстаграм/Викторија Бекам

Никола Пелц веднаш објави кадри од сопствените екстравагантни велигденски корпи исполнети со скапоцени чоколади и подароци, што медиумите го протолкуваа како директен одговор на игнорирањето од страна на нејзината свекрва.

 

Никола Пелц – Фото: Инстаграм/Никола Пелз

Јазот во славното семејство станува сè подлабок, особено по јануарското соопштение на Бруклин во кое тој јавно порача дека не планира помирување со родителите. Додека Дејвид и Викторија со останатите деца го славеа Велигден во Мајами и го прославуваа отворањето на новиот стадион на Интер Мајами, Бруклин беше забележан во Лос Анџелес како нервозно разговара на телефон.

Бекам – Фото: Инстаграм/Викторија Бекам

Овој последен „судир“ со празничните корпи е само уште една потврда дека односите меѓу младата двојка и славните родители се на најниско ниво досега.

Ескалираше семејната војна: Бруклин Бекам им зададе тежок удар на родителите пред Божиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот