ФОТО: Навивачите на Челси во шок, Лукаку објави дека игра за Интер

Ромелу Лукаку за 115 милиони евра се пресели во Челси/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Ромелу Лукаку крена многу прашина во јавноста со едно контроверзно интервју, по кое се шпекулираше за негово враќање во Интер и поради што Томас Тухел реши да не го вклучи во екипата за денешниот натпревар против Ливерпул.

Но, Белгиецот денеска отиде чекор понатаму менувајќи ги биографските податоци на својот Фејсбук профил – наместо Челси, сега повторно стои Интер, без разлика што и официјално е член на лондонскиот клуб.

Дали е ова навестување за јануарска разделба, веќе на социјалните мрежи има лавина реакции особено оние од фановите на лондонските „сини“, а дел од нив веќе изразуваат желба Белгиецот веднаш да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Сезонава во Премиер лигата Лукаку во досега 13 настапи за Челси запиша пет голови.

Наместо Челси, стои Интер на социјалната мрежа „Фејсбук“ на Ромелу Лукаку/Фото: Принтскрин/facebook.com/Romelulukaku

– Искрено не ми се допаѓаат изјавите затоа што прават врева што не ни треба. Лесно е да се излезе од контекст. Ќе разговараме со Лукаку зад затворени врати. Изненаден сум бидејќи не гледам дека не е среќен. Напротив. Ќе разбереме што се случува со него. Секогаш кога ќе даде изјава ќе се крене прашина. Доколку сте голем играч како Лукаку.. Тој сигурно знае што значи кога јавно зборува за такви работи – рече Тухел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот