ВИДЕО: Челси и Ливерпул одиграа страшно полувреме, веќе го имаме голот на годината

Челси ремизираше на домашен терен во дербито против Ливерпул/Лондон, Велика Британија/2 јануари 2022/Фото: London, EPA-EFE/VICKIE FLORES

Челси и Ливерпул денеска можеби „одиграа“ за водечкиот Манчестер сити, но и дефинитивно одиграа одличен натпревар, особено во првото полувреме на стадионот „Стемфорд Бриџ“.

На теренот во Лондон за домашната екипа не настапи една од најголемите ѕвезди Ромелу Лукаку кој беше „казнет“ од менаџерот Томас Тухел поради интервјуто кое го имаше за италијанскиот „Скај“.

„Црвените“ водеа уште од деветтата минута со голот на Мане, а за зголемување на предноста се погрижи Салах во 26 минута после асистенцијата на Александер-Арнолд.

Мане сега има повеќе постигнати голови на „Стемфорд Бриџ“ од било кој друг играч во Премиер лигата од стартот на минатата сезона. За Салах тоа беше четврти погодок против лондонските „сини“.

Домаќините не се предаваа и пред крајот на првиот дел за период од четири минути стигнаа до израмнување. Најпрвин намали Ковачиќ со еден прекрасен погодок, кој сигурно ќе влезе во трката за еден од најубавите на годината, а во судиското надополнување за 2:2 стрелаше Пулишиќ, а асистент беше Канте.

На табелата води Манчестер сити со 53 бодови, 10 повеќе од второпласираниот Челси, а на третата позиција е Ливерпул (42) кој има еден меч помалку.

ВИДЕО: Конечно насмевки во Лидс, играчите на Биелса сигурни против Барнли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот