ВИДЕО: Тијаго Силва потврди дека си заминува од Челси

Тијаго Силва/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Бразилскиот фудбалер Тијаго Силва (39) денеска потврди дека си заминува од Челси на крајот од сезоната. Неговиот договор со клубот истекува во јуни оваа година по четири години играње за лондонските „сини“.

Бразилскиот фудбалер дојде во Челси од ПСЖ и потпиша едногодишен договор, а остана четири.

Силва ја освои Лигата на шампионите со Челси во сезоната 2020/21 кога во финалето го победија Манчестер сити со 1:0. Со англискиот клуб го освои и Светското клупско првенство во 2021 година со победата од 2:1 над Палмеираш.

– Четири години во Челси го давав максимумот. Но, за жал, сè има почеток и крај. Ова не значи дека дефинитивно е крај. Се надевам дека ќе се вратам овде во друга улога во блиска иднина. Ова беше голем љубов. Тоа е сè што можам да кажам – рече Силва во емотивната видео порака.

Тој одигра 151 натпревар за Челси во сите натпреварувања. Во својата богата кариера претходно настапуваше и за ПСЖ, Милан, Флуминенсе, Јувентус и Динамо Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот