Фото: ФФМ

Помладите пионери на Вардар триумфираа во Купот

Со победата од 4:0 во дуелот против Пелистер, помладите пионери на Вардар го освоија трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија.

Надежите на „црвено-црните“ беа супериорни во мечот против Битолчани и сосема заслужено стигнаа до победа. Најзаслужен за триумфот беше напаѓачот Огнен Јаков кој три пати се запиша во листата на стрелците.

Токму Јаков ја отвори серијата голови во 20. минута. Десет минути подоцна повторно го совлада противничкиот голман за предност од 2:0. Во 36 минута судијата Јордан Јовановски покажа на белата точка, но Јован Пашовски не успеа пеналот да го претвори во гол бидејќи по неговиот удар следуваше одбрана на голманот Огнен Божиновски.

Во второто полувреме Вардар успеа да постигне уште два гола. Во 65. минута Никола Јанкулоски зголеми на 3:0, а конечниот резултат го постави Јаков кој по трет пат ја погоди мрежата на Битолчани.

Ова беше втор трофеј за Вардар во денешните финални натпревари откако претходно пионерите беа поуспешни од Македонија ЃП.

В четврток на терените на тренинг центарот Петар Милошевски нова двојна програма. Од 10.00 часот ново соочување меѓу Вардар и Пелистер, но овој пат за пехарот во кадетска конкуренција, додека од 16.30 часот на програмата е младинското финале во кое АП Брера игра против Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот