ВИДЕО | Конвој, знамиња и еуфорија: Турските фудбалери спектакуларно испратени на Мундијалот
Турската фудбалска репрезентација доби поддршка каква што ретко се гледа. Националниот тим беше испратен од Истанбул во атмосфера што повеќе потсетуваше на голема национална прослава отколку на заминување за спортски настан.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По убедливата победа на контролката со нашата репрезентација од 4:0, турската експедиција го напушти тренинг-центарот и се упати кон аеродромот, каде што ги чекаше лет за Соединетите Американски Држави.
🇹🇷 2026 FIFA Dünya Kupası'nda mücadele edecek A Milli Futbol Takımımız, ABD'ye gitti. pic.twitter.com/YvTd1oo6D1
— Fanatik (@fanatikcomtr) June 2, 2026
Збогувањето беше одбележано со импресивен конвој автомобили, од водечкиот домашен производител на електрични возила кој воедно е главен спонзор на националниот тим.
Улиците на Истанбул беа исполнети со возила со турски знамиња, додека бројни граѓани ги поздравуваа националните репрезентативци на пат кон аеродромот.
Ова необично испраќање симболично го претставуваше единството и заедништвото на нацијата пред најголемиот светски фудбалски настан.
Турција на Светското првенство е сместена во групата Д заедно со репрезентациите на Парагвај, САД и Австралија.
Мундијалот стартува на 11 јуни во Мексико Сити со дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка на легендарната „Ацтека“.


