Селекторот Андов повика 19 фудбалерки за натпреварите против Андора и Азербејџан
Женската фудбалска А репрезентација на Македонија од денеска во Охрид ги почна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
За дуелите со Андора и Азербејџан, селекторот Александар Андов ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНКИ
Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје)
Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера
ОДБРАНА
Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера)
Данче Карпузовска (ЖФК Тиверија-Брера)
Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија-Брера)
Канита Емини (ЖФК Истатов)
Настасија Накова (ЖФК Љуботен)
Катерина Петкова (ЖФК Спартак Суботица)
Ана Марија Цветковска (WFC Langhus)
Лора Сулејмани (RC Saint Denis – Франција
СРЕДЕН РЕД
Теона Галабовска (ЖФК Тиверија-Брера)
Калина Попески (ЖФК Црвена Звезда)
Ева Величковска (ЖФК Љуботен)
Мелани Цветковиќ (ЖФК Цирих)
Михаела Додевска (ЖФК Скопје 2014)
Андреа Коловска (ЖФК Истастов)
НАПАД
Јована Павловска (ЖФК Ас Јунајтед)
Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен)
Илза Максути (ЖФК Љуботен)
Првиот натпревар против Андора го играме на петти јуни во Ла Вела со почеток од 19.30 часот, додека четири дена подоцна во последното соочување во овој циклус, Македонија го пречекува Азербејџан. Мечот ќе се игра во Битола и почнува од 19.00 часот.


