Круз Бекам - Фото: Инстаграм/КрузБекам

Круз Бекам ги сподели животните лекции на Дејвид и Викторија, но и детали од емотивната врска со девет години постарата девојка

Најмладиот син на семејството Бекам, Круз Бекам (21), ги сподели највредните совети што ги добил од своите славни родители, но не се воздржа ниту од неколку провокативни одговори во врска со својата девојка, музичката продуцентка Џеки Апостел (30). За време на сесијата прашања и одговори со фановите на социјалните мрежи, Круз откри дека Дејвид и Викторија отсекогаш го учеле на професионализам и скромност, пренесува „Дејли мејл“.

„Биди личност со која е лесно да се соработува, работи на својот талент додека не бидеш најдобар што можеш и секогаш биди љубезен“, гласеле советите кој музичарот ги применува и денес.

Бекамови – Фото: EPA/Tolga Akmen

Освен за кариерата, фановите беа љубопитни и за неговите фотографии во костим за капење кои минатата година ги преплавија медиумите. На прашањето како некој може да изгледа толку добро во долна облека, Круз кратко и провокативно одговори: „Тоа е прашање за Џеки Апостел“, алудирајќи на нивниот интимен живот.

Круз исто така ги демантираше гласините дека неговата мајка, поранешната „Спајс грлс“, дека сè уште има тетоважи, потврдувајќи дека таа ги отстранила од своето тело.

Круз Бекам и Џеки Апостел / Фото: The Hollywood JR / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Иако јавноста често ја коментира разликата во години помеѓу него и Џеки која е 9 години постара, Круз не возвраќа на критиките, што не е случај кога се работи за неговата мајка. Неодамна на еден ваков коментар за Викторија во кој се вели„убаво е кога синот готви за својата мајка“, тој возврати со шега на сметка на строгата диета на Викторија Бекам:

„Мислиш дека Викторија би јадела палачинка со Нутела? Нема шанси“.

Круз Бекам / Фото: Принтскрин / Тикток

Сепак, не е сè во шега во домот на Бекамови. На својот неодамнешен настап во Лондон, Круз не успеа да ги задржи солзите додека ја изведуваше песната „Loneliest Boy“. Многумина веруваат дека стиховите „Осамено момче, мама не зборува многу, тоа ѝ го крши срцето“ се посветени на семејниот раздор и оддалечувањето на неговиот постар брат Бруклин од семејството. Додека тој пееше, неговиот брат Ромео беше забележан како ги брише солзите во публиката.

ФОТО | Среде семејната драма: Круз Бекам со нова тетоважа и силна порака

 

ВИДЕО | Дуетот со Круз стана вирален: Викторија Бекам и нејзиниот син нè вратија во 90-те

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот