Вкторија и Круз Бекам - Фото: Пинтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Дуетот со Круз стана вирален: Викторија Бекам и нејзиниот син нè вратија во 90-те

Викторија Бекам се присети на деновите на својата најголема слава, кога пееше со „Спајс грлс“, изведувајќи го хитот од 1997 година „Viva Forever“ во акустична верзија заедно со нејзиниот 20-годишен син Круз.

Во видеото што во средата го сподели Круз Бекам на Инстаграм, Викторија, позната како Пош Спајс, седи на кревет во дневната соба и игра додека нејзиниот син свири гитара и пее. Зад камерата беше и легендарниот Дејвид Бекам, кој во последниот рефрен се вклучи на негов шеговит начин.

„Извинете, сè расипав“, се пошегува поранешниот фудбалски ас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CRUZ (@cruzbeckham)

Многумина веднаш почнаа да претпоставуваат за можен камбек на „Спајс Грлс“, а минатиот месец Викторија коментираше за потенцијалното повторно обединување со Мел Би (Scary Spice), Мелани Си (Sporty Spice), Гери Халиуел (Ginger Spice) и Ема Бантон (Baby Spice).

Гостувајќи кај Анди Коен, на прашањето за повторното обединување на групата, Викторија призна:

„Звучи примамливо“.

Додаде и дека светска турнеја би била преголем залак за неа:

„Не можам да постигнам. Имам работа.“

Викторија се пошегува и на сопствен сметка и на своите вокални способности:

„Не знам ни дали уште можам да пеам. Никогаш не бев добра.“

„Спајс Грлс“, кои беа заедно од 1994 до 2000 година, неформално повторно се собраа на прославата за 50-тиот роденден на Викторија, каде што го изведоа својот хит од 1997 година „Stop“. Нивниот последен заеднички настап беше на затворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот