ФОТО | „Им се гледаа брчките и вишокот килограми“: Ѕвездите бесни поради фотографиите од забавата по Оскарите!
На забавата по Оскарите на „Венити фер“ во неделата вечерта, наводно, завладеал хаос поради она што гостите го нарекуваат „лудо силно“ осветлување на црвениот тепих. Според зборовите на очевидци, ВИП гостите биле многу незадоволни од „неласкавото“ осветлување поради кое изгледале лошо на фотографиите, а една актерка дури и се расплакала кога го видела својот портрет, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
„Искрено, ми е жал за некои од тие жени“, рекол еден гостин.

Друг извор што бил упатен во сè, го опишал искуството како „снимање во екстремно висока резолуција“.
„Можеше да се видат многу брчки и вишок килограми што претходно беа прекриени. Никој не сака да биде фотографиран така“, додал тој.
Една актерка наводно се расплакала поради фотографиите на кои изгледала како „лик на Дијана Арбус“, пренесува „Холивуд репортер“. Споредбата со Арбус е особено груба со оглед на наследството на фотографката позната по своите вознемирувачки слики. Во својата работа, таа снимала неконвенционални мотиви, од циркуски изведувачи до џинови, во остар стил кој е целосна спротивност на холивудскиот гламур.
Поради сето ова, многу ѕвезди ден подоцна споделиле фотографии од годишната забава на Гај Озири и Мадона на социјалните мрежи еден отколку официјалните фотографии од тепихот на „Венити фер“.
Овогодинешното осветлување било во остра спротивност со мекиот, златен сјај на претходните забави. Еден долгогодишен посетител се присетил како во претходните години „дури и најнепривлечните ѕвезди знаеја дека ќе испаднат добро. Тоа било како магија“.

Еден гостин рекол дека осветлувањето било „лудо силно“ и го споредил со „стоење под рефлекторите“, додека друг се пожалил дека било „како е 100 степени“ и се прашувал дали имал „топли бранови (валунзи)“.
@vanityfair #KateHudson lights up the #VFOscars ♬ original sound – Vanity Fair
Промената на осветлувањето е резултат на одлуката на новиот уредник на „Венити фер“, Марк Гвидучи, кој го премести настанот од неговиот долгогодишен дом во центарот Валис Аненберг во Беверли Хилс во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (ЛАКМА). Покрај тоа, традиционалниот црвен тепих беше заменет со светлосив тепих, кој беше исмејуван од корисниците на социјалните медиуми поради безличниот изглед.
Гвидучи наводно бил решен да го врати пропаднатиот сјај на забавата, па затоа значително ја намалил листата на гости.
„Марк ги сакаше само најголемите ѕвезди“, рекол изворот, додавајќи дека „тој список морал да го прегледа 1.000 пати“.

Годинава на црвениот тепих не биле поканети ѕвездите од Б-листата, како што се медиумските известувачи и телевизиските личности, Една од ѕвездите што го прескокнала настанот била Ема Стоун. И покрај поканата, таа одлучила да оди на забавата на „Јуниверзал пикчрс“, а подоцна и на забавата на студиото „A24“. Кога била прашана за забавата на „Венити фер“, таа во видео објавено на социјалната мрежа Икс рекла: „Толку е чудно, дури и ако си номиниран, тоа не значи дека можеш да одиш“.
Гостите на новата локација на ЛАКМА требало да бидат првите што ќе ги видат новите галерии на Дејвид Гефен. Но, тој простор не бил завршен до ноќта на Оскарите, па забавата била преместена во помалку гламурозен дел од музејот.
Гостите наводно се пожалиле и на сообраќајот, како и на „водителите инфлуенсери“ кои наводно „навредиле неколку ВИП личности“.
На списокот на гости оваа година се најдоа Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, Ким Кардашијан, Кендал Џенер, Емили Ратајковски, Џесика Алба, Деми Мур, Хајди Клум, Хејли Бибер…


