-2.4 C
Скопје

ФОТО: Господин Бин ги обвини „Пријатели“ дека се плагијатори

Роуан Аткинсон, славниот англиски комичар и актер кој се прослави преку улогата на Господин Бин, ја обвини екипата на култната серија „Пријатели“ дека му го украле трикот со мисирката на глава од неговиот легендарен ситком „Господин Бин“.

Комичарот за ова раскажа во новиот документарец „Среќен роденден Господин Бин“, кој се емитува на „ITV“ по повод 30-годишнината од создавањето на хумористичниот лик по кој Аткинсон стана популарен.

Сите сигурно се сеќаваат на сцената кога на Господин Бин ќе му се заглави главата во огромна мисирка уште во 1992 година, а шест години подоцна истиот трик се појави и во серијата „Пријатели“ и тоа во епизодата „The One With All The Thanksgivings”.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Ова се филмовите на кои им се предвидува успех на претстојното доделување на Оскари
Фото: Јутјуб

Џои, кој го глумеше Мет Лебланк, исто така ја заглави главата во голема мисирка, а потоа тоа го повтори и Моника, која ја играше Кортни Кокс.

Фото: Јутјуб

„Кога во 1996 година го снимавме филмот за Господин Бин, одлучивме да ја повториме сцената од една епизода од ситкомот и да ја искористиме шегата со мисирката на глава. И „Пријатели“ се снимаа во 90-те, кога всушност и ја украдоа шегата“, изјави Аткинсон пред неколку дена, додавајќи дека бројни луѓе мислат дека ситуацијата е обратна, и дека тој ја украл шегата од „Пријатели“.

Поврзани вести

ФОТО: Северина го поддржа Бајден, но во костим за капење со американското знаме!

Слободен печат

Кога ви се јаде еден час пред полноќ: Мафини за брзо и здраво заситување

Слободен печат

Хороскопски знаци на кои ќе им се насмевне љубовта во месец февруари

Слободен Печат

ФОТО | Фотографија полна љубов: Мајкл Даглас во прегратка со својот едномесечен внук

Слободен печат

ФОТО: Меланија Трамп со стил ја напушти Белата куќа

Слободен печат

Мајли Сајрус: Користам секс играчки за дизајн на ентериерот

Слободен печат

Остави Коментар