ФОТО | Голема причина за славење во домот на Живкица Каленикова: Водителката емотивна за синот
Живкица Каленикова, сподели емотивна семејна приказна поврзана со својот најстар син. Поводот за славење во нивното семејство е полуматурата на најстариот син Даријан.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На фотографијата, Живкица позира гордо и со широка насмевка покрај својот син, кој за оваа свечена пригода е дотеран во класична елегантна комбинација, бела кошула и црни панталони. Под фотографијата, водителката кратко и со гордост напиша: „Со полуматурантот“.

Живкица Каленикова долги години успешно ја балансира својата кариера во медиумите со семејниот живот. Таа е во среќен брак со познатиот бизнисмен Зоран Калеников, со кој има три деца.
Најстариот син Даријан, кој е полуматурант, има 15 години, вториот син Марко има 13 години, а единствената ќерка Ана, најмалата во семејството, има 12 години.
На професионален план, Живкица е синоним за квалитетна телевизиска програма. По долгогодишниот успех на емисијата „Тунел“, таа ја продолжува својата авторска и водителска приказна со актуелното „Жилет шоу“.
„Сакам да ме служи телото, да ми трае, да бидам подолго овде, затоа се обидувам да бидам физички активна, а го комбинирам тоа со децата. Триатлонци се сите тројца, но Даријан е најактивен, го продолжи најактивно спортот, сериозно го продолжи. Марко е посериозен скијач, а Ана се зафати посериозно со гимнастика. Така што, им ја сакам таа физичка активност, колку и мене да ми е динамично, а ми е – тоа возење по неколкупати во денот, мислам дека децата со спорт поздраво растат“, рече Живкица во интервју за „Слободен печат“.


