Живкица Каленикова за „Слободен печат“: Што очекува од новата 2021 година, а по што ќе ја памети 2020?

Instagram

Крајот на годината секогаш ветува подобар почеток на следната. Годинава која е во заминување беше исполнета со многу предизвици, ни донесе многу тага, но нѐ направи и многу среќни. Таа нѐ научи прво да се соочиме со себе, а поретко со другите. Бевме сведоци на полициски час, карантини, загубивме драги луѓе, но спознавме и научивме и многу нови работи.

Ние направивме листа на омилени јавни личности, ги контактиравме и им поставивме две навидум многу едноставни прашања. Но, одговорите беа тотално различни, искрени, особено љубовни и полни со нова надеж.

Ковид-пандемијата, откажани патувања, прослави на најважните датуми само во кругот на најблиските, се дел од нештата по кои телевизиската водителка Живкица Каленикова ќе ја памети 2020 година.

приватна архива

Деновите кога беа на сила посебни мерки, таа ги поминувала во најтесниот круг на семејството, со строго почитување на сите мерки. Најтешко било на три мали деца да им се објасни новото „нормално“ и зошто не смеат да одат на училиште, зошто родендените се слават дома само со семејството, зошто никој не смее да им доаѓа дома… Воедно голем предизвик било и онлајн учењето од дома со три деца. Сепак, како што вели самата, ако се сака, сè може да се постигне, со меѓусебна поддршка и разбирање со партнерот.

приватна архива

Годинава што ги брои последните часови верувам дека за сите нас беше сериозен предизвик по многу прашања. Се сеќавам дека ми почна многу убаво, со семејно патување и планови за следните. Но, тогаш се случи пандемијата иако некако наивно ја сфативме, сепак се потврди дека животот навистина може да биде многу непредвидлив. Сфативме што значи вистинска среќа, здравјето и моментите со најблиските. Ќе ја паметам и по земјотресите што исто ни покажаа дека природата го има последниот збор и сакам длабоко да верувам дека научивме да ја цениме повеќе и да престанеме со нејзино уништување. Ќе ја паметам по прославите на важните датуми со децата и вниманието што си го споделувавме – вели Живкица.

приватна архива

Што очекувате од новата година?

– Сакам новата година да ни донесе здравје. Да научиме да бидеме добри едни кон други, да ги учиме децата на емпатија, да одиме на концерти, патувања, да се сакаме. Ќе се посветам на мојот телевизиски ангажман и оваа година си ветив себеси дека ќе направам еден „кру“, кој ќе ме штити од негативни вибрации и луѓе. Затоа што навистина животот е дар што треба да го уживаме вистински – рече Живкица.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот