ФОТО | Го препознавате ли ова дете? Денес е еден од нашите најпознати актери
Времето лета, а старите списанија и весници говорат за некои убави мигови од животот и кариерата на нашите домашни уметнички имиња.
Препорачано
Така овојпат, во ретро стил и со многу сентименти, на Инстаграм -профилот на нашиот познат актер и шоумен, осамна оваа фотографија.
View this post on Instagram
Се работи за Игор Џамбазов, кој под објавата на фотографијата запиша:
“Си бев шеќерче јас, првенец на Ацо и Анче.
Па бев Трајче на коњ, малечкото партизанче.
И бев ѕвезда во скок, во Драмски бев како во гето,
и не, не излегов јас од бифето…”Првата строфа од мојата верзија на “My way”…
На фотографијата која е насловна страница на култното списание „Екран“, стои насмеан Игор, како дел од филмското остварување „Волшебното самарче“, каде Игор го толкуваше ликот на дрварчето Трајче.
Под објавата се нижат еден куп коментари, кој од кој поемотивен, затоа што овој филм е силен симбол во колективната меморија на една генерација.
„Џемпер и ролка, човече колку беше популарна ваква комбинација“
„Како денес се сеќавам на овој број на Екран… Долго го читав бидејќи Волшебното самарче ми беше омилено… И сега би го гледала пак за да ме потсети на убавите детски денови
„Се снимаше во Струга, на мојата улица, памтам ко денес да е“
„Во македонскиот дел од пеколот, ти си најсладок… Со русото свилено косиче, со напред двата заба избиени, контемплираш за животот и смртта, мал, а голем. Барабар со многубројните великани од југословенското глумачко милје“


