ФОТО | Фотографија од поранешна Југославија што буди носталгија: „Вака некогаш се славеше Нова година и бевме посреќни“
За време на летните одмори, на социјалните мрежи редовно се појавуваат фотографии од периодот на поранешна Југославија, проследени со описи дека летувањето пред 40 или повеќе години било незаборавно искуство. Возење со „фиќо“ на жештина, спиење на плажа, сечење домати и сланина – сцени кои кај многумина будат силна носталгија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Слична приказна се повторува и за време на празниците. Се споделуваат фотографии – вистински, но и оние создадени со помош на вештачка интелигенција – на кои семејствата се собрани околу телевизорот, а на масата има руска салата, кифлички и пијалоци. Пораката е речиси секогаш иста: порано било подобро, пишува „Нова.рс“.
„Никогаш повеќе нема да биде така“,
„Денес луѓето туркаат полни колички како никогаш да не јаделе“,
„Сè се мери преку пари, луѓето ја изгубија душата“,
„Денес сè е вештачко и без емоција“,
„Оваа фотографија ме враќа во некои подобри времиња“,
„Многу повесело отколку денес“ – ова се само дел од стотиците коментари под ваквите објави.
Но и денес луѓето се собираат, се дружат, ги поминуваат празниците заедно и наоѓаат причини за радост – често и без многу пари. Единствената разлика е во тоа што старите фотографии будат носталгија. Тоа, сепак, не значи дека порано било подобро или полошо – едноставно, било поинаку.


