ФОТО | Една година без Мира Фурлан: Која беше актерката со храбро срце?

Познатата актерка од поранешните југословенски простори, Мира Фурлан беше и остана муза на балканските филмаџии, креативци, но и публиката која во неа гледаше жена – храброст, не само во улогите кои ги носеше, туку и како човек.
Целиот регион ги помни нејзините улоги во некои од култните југословенски филмови и серии- „Татко на службен пат“, „Од злато јаболко“, „За среќа се потребни тројца“, „Вук Караџиќ“, „Филм без име“, „Шпион на потпетици“, „Браќа по мајка“.
Која е Мира Фурлан?
Мира беше родена во Загреб, 1955 година, каде дипломирала глума на Академијата за драмски уметности, а во 1978 година станала членка на Хрватскиот народен театар. Првото деби на филм го имала во „Киклоп“, во 1982, каде и доби награда Златна арена за најдобра споредна улога на Филмскиот фестивал во Пула. Почетоците за неа беа блескави – таа беше една од најбараните југословенски глумици. Во раните 80ти го запознава Горан Гајиќ, нејзиниот сопруг и почнува да живее на релација Белград- Загреб. Медиумите во тој период не ја поштедиле од јавен линч, осудувајќи ја дека е приклонета кон Србија и ја нарекуваа „предавничка“.
View this post on Instagram
Ова било тежок удар за Мира, која како југословенско дете и миленичка на целата публика, чувствувала силен притисок и морала да оди на психотерапии. Бидејќи нештата станувале пострашни (Мира добивала по 50 смртни закани на ден), во 1991 година во виорот на војната таа и Горан се селат за САД.
Првите години со сопругот им биле пекол – морале да работат сѐ за да преживеат. Горан работел како доставувач, асистент на монтажа и монтажер, а Мира како келнерка, продавачка и преведувачка. Се заколнале на вечна љубов и го добиле синот Марко Лав.
Во САД, Мира брзо почнала да создава кариера, што ѝ одело од рака.
View this post on Instagram
Глумеше во 110 епизоди од научно-фантастичната серија „Вавилон 5“ од 1994 до 1998 година.
Во периодот од 2004 до 2008 година, глумеше во американската серија „Изгубени“, која постигна планетарен успех.

Актерката пред крајот на својот живот веќе го имала финиширано своето дело, автобиографија за која сопругот Горан се погрижи да биде објавена во Србија и со тоа да го зачува споменот на својата сопруга – борец. Имено, таа почина од западнонилски вирус, иако докторите во САД се обидувале да ја спасат. Позади себе остави бројни улоги, но и инспирација за уметниците, книжевниците, дизајнерите, кои од нејзиниот лик направија симбол на југословенската жена – храброст.
View this post on Instagram
Токму денес, нашиот познат графички дизајнер и креативец Зоран Кардула сподели и илустрација од Мира на својот инстаграм – профил во чест на актерката.
View this post on Instagram
Од вирусот Западен Нил, кој беше кобен за Мира Фурлан, само 1% од луѓето развиваат тешки симптоми