ФОТО | Автобиографијата на Мира Фурлан ќе биде наскоро објавена: Трогателни редови посветени на нејзиниот син…

Instagram

Познатата глумица од поранешните југословенски простори, Мира Фурлан, си замина пред една година токму за Божиќ во Лос Анџелес. Таа имаше 65 години и имаше компликации од западнонилскиот вирус, по што почина.

Нејзиниот сопруг Горан Гајиќ, неодамна обелодени дека таа непосредно пред да почине завршила со пишување на своите мемоари.

Книгата ќе се вика „Voli me vise od svega na svetu“, која ќе биде објавена во Србија, а издавачката куќа „Booka“ ја официјализираше веста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bookastore (@bookastore)

Нејзиниот сопруг кој е познат режисер, најави дека автобиографијата има преку 600 страници и е посветена на него и нивниот син Марко. Книгата веќе е објавена во Хрватска.
Најавата за изданието е доста емотивна

„Животот на најголемата филмска и театарска дива на нашите простори, Мира Фурлан беше повеќе од живот. Преполн возбуда, величенственост, падови, љубов и разочарувања. Во автобиографската книга која е довршена пред самата нејзина смрт,  Мира проповеда моќно, литературно и го раскажува својот живот, но и судбината на мајка и Бранка, таткото Иван, бабата Љуба, до сопругот Горан и синот Марко, за кого и е посветена книгата“

Од „Vecernji list“ пак,  објавија одломка од автобиографијата, посветена на синот.

„Дали ја пишувам оваа книга за тебе? Дали би можел да разбереш што се случуваше пред тебе? Како би можел да видиш низ далечниот, одамна непостоечки свет од кој потекнуваат твоите родители? Дали воопшто сакаш да знаеш нешто околу тоа? Дали ти треба тој тежок багаж, багаж кој твојата мајка го влече со себе цел свој живот, не наоѓајќи начин барем за кратко да го остави? Или пишувам за себе? Зошто?

Дали за да „подобро се разберам себеси“, обидувајќи се да ја откријам скриената приказна, во раштрканиот, нелогичен, хаотичен наратив на својот живот? Додека се обидував да одговорам на сите прашања чиј одговор е невозможен, борејќи се со јазик кој не е мој (а дрско глумам дека е), се случи нешто навистина чудно: Ти порасна…“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bookastore (@bookastore)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот