ФОТО | Драгана Мирковиќ наполни 53 години: Луксузна торта, прослава со најблиските и само една желба!

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ вчера, 18 јануари, го прослави својот 53-от роденден и посака да и се исполни само една посебна желба.

Драгана го прослави својот роденден во својот дом во Виена, со своите најблиски, а за оваа пригода заблеска во долг син и многу елегантен фустан.

Пејачката на својот инстаграм – профил ја покажа и роденденска торта на два ката, богато украсена со златни детали и сјајни циркони. Врвот на тортата ја красеа иницијалите на Драгана – Д.М. во златна боја.

Денес е мојот роденден и имам право да посакам желба. Сакам да се вратат нашите животи, децата повторно да имаат детство без маски, а луѓето да се прегрнуваат и бакнуваат, сакам … Сакам повторно да живееме! – напиша пејачката.

Во коментарите, нејзините фанови и го честитаа роденденот, а пејачката Лепа Брена имаше специјална честитка за Драгана: “Среќен роденден, драга моја, мала црна пријателка. Многу бакнежи и прегратки”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот