ФОТО | Џенифер Лопез е минато за него: Алекс Родригез ужива во прегратките на оваа убавица!

Фото: Профимедиа

Целиот свет зборува за ова…

Иако раскинаа пред нешто помалку од еден месец, странските медиуми пишуваат дека Алекс Родригез веќе ја преболел Џенифер Лопез.

Упатените сега тврдат дека по љубовниот бродолом со Џеј Ло утехата ја пронашол во единствената жена која вистински ја сакал и која му родила две деца – Синтија Скуртис.

Двојката беше во брак од 2002 до 2008 година, а се разведоа поради заладени односи.

Сепак, по разводот, тие останаа блиски, а изворите тврдат дека хемијата меѓу нив е неспорна. Тие беа видени како заедно излегуваат од ресторан во Лос Анџелес, и токму тоа ја започна гласината дека се на чекор да ја обноват својата романса, пишува списанието ОК.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OK! Magazine (@okmagazine)


Иако Синтија е во брак, упатените тврдат дека таа е подготвена да го напушти сегашниот сопруг поради нејзиниот поранешен. Од друга страна, Алекс наводно сфатил дека не може да сака друга жена како поранешната и дека најголемата грешка во неговиот живот е што дозволил целата приказна да заврши така лесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот