ФОТО | Дали се сеќавате на Мишел и Ивет од „Ало, ало“? И ден-денес се блиски пријателки

Серијата „Ало, ало“ спаѓа во категоријата серии којашто публиката секогаш со задоволство ја гледа секогаш кога овој британски ситком ќе се репризира во програмата на нашите телевизии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nostalgia Time (@retro_nostalgia217)


Серијата имаше девет сезони и се емитуваше на Би-би-си од 1982 до 1992 година и иако многумина на почетокот ја критикуваа дека серијата е направена за да се потсмева на Втората светска војна, на авторите на серијата од Џереми Лојд и Дејвид Крофт целта им била карикирање на воените филмови и телевизиските драми.

Актерите што ги гледавме во оваа сега веќе култна серија често истакнуваат дека „Ало, ало“ ја одбележала нивната кариера, а еден од споредните ликови кои публиката добро  ја памети е и Мишел Дубоа, членката на француското Движење на отпорот која ја глумеше британската актерка Кирстен Кук.

Актерката деновиве го прослави својот 69 -ти роденден, а честитка на Инстаграм ѝ упати и нејзината поранешна колешка од серијата Вики Мишел, која ја гледавме во улогата на сексапилната келнерка Ивет  и објави фотографија на која покажа како изгледаат сега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vicki Michelle (@thevickimichelle)


 „Ало, ало! Среќен ти роденден, убава Кирстен. Ти си прекрасна пријателка и неверојатна актерка. Ни беше многу забавно додека работевме заедно. Убаво да си поминеш со семејството“, ѝ напишала Мишел.

Фото: Профимедиа

Кирстен пораснала во Западен Сасекс, Англија, а дипломирала глума на Академијата за драмска уметност Вебер Даглас во Лондон. Таа е среќно мажена за Стивен Актесон и имаат четири деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vicki Michelle (@thevickimichelle)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот