ФИНА ја призна Националната пливачка федерација на претседателот Горан Стојановски

Горан Стојановски беше избран за претседател на Националната пливачка федерација/Фото: Слободен печат

Светската пливачка федерација (ФИНА) го потврди тоа што мнозинството на клубови го искажа на вонредното собрание.

Претседателот на Националната пливачка федерација на Северна Македонија, Горан Стојановски е потврден во меѓународните институции,

Потсетување дека минатата година пред пет месеци со 23 гласа и три воздржани за нов претседател на ПФСМ беше избран Горан Стојановски.

На тогашното Собрание учествуваа 21 од вкупно 32 регистрирани клубови кои не беа задоволни од работата на досегашниот претседател Александар Маленко. Повеќе ТУКА

– По испитувањето на вашите писмени поднесоци и барања, вклучувајќи ги вашите одговори на различни прашања од Правниот оддел на ФИНА и две писма испратени од Олимпискиот комитет на Северна Македонија од 21 февруари 2022 година и 20 април 2022 година, и врз основа на севкупноста на околностите за материјата и правните принципи, Бирото на ФИНА одлучи да го признае раководството на Националната пливачка федерација на Северна Македонија како избрано на Вонредното генерално собрание одржано на 16 декември 2021 година.

Како резултат на горенаведеното, новоизбраниот Управен одбор на Националната пливачка федерација на Северна Македонија е признат како што следува:

– Горан Стојановски, претседател
– Александар Филипчев, потпретседател
– Илија Стојановски, потпретседател
– Далибор Димовски, член
– Данило Мициќ, член
– Маријана Кочовска, член

Очекуваме дека ќе се случи непречена транзиција во новиот Управен одбор и дека двете фракции ќе работат заедно на подобрување на водените спортови во Северна Македонија – пишува во писмото на извршниот директор на ФИНА, Брент Ј. Новицки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот