Клубовите го сменија Маленко, Горан Стојановски е нов претседател на Пливачка федерација

Собранието едногласно го избра Горан Стојановски за претседател на НПФ/ фото: Слободен печат

Со 23 гласа за и три воздржани, за нов претседател на Пливачката  федерација на Северна Македонија (ПФСМ) е избран Горан Стојановски.

Стојановски беше избран на денешното Собрание на ПФСМ на кое учествуваа 21 од вкупно 32 регистрирани клубови кои не се задоволни од работата на досегашниот претседател Александар Маленко.
Право на глас имаа клубовите кои настапија на летното државно првенство и тоа во поединечна конкуренција и во штафетните трки.
Претходно, како прва точка на Собранието, клубовите едногласно го разрешија Маленко.

Клубовите го свикаа годишното Собрание на ПФСМ бидејќи мандатот на поранешниот претседател Маленко му е истечен, а истото е свикано според законот за Здружение на граѓани, но и според Статутот на ПФСМ.

На Собранието прво беше избрано работно претседателско кое го водеше истото, а нејзиниот член Александар Филипчев, истакна дека му била доставена покана и на Маленко, но неговиот одговор бил дека Собранието ќе го закаже во февруари идната година. Потоа клубовите со 23 гласа за и три воздржани го избраа Горан Стојановски да биде нов претседател на ПФСМ.

– Најзаслужен за ова Собрание е Маленко поради чија работа трпеа пливачите и клубовите. Јас како претседател ќе се потрудам да го решам најголемиот проблем на федерацијата, да се одблокира сметката, а потоа ќе ја зајакнеме соработката со МОК, АМС како и со ФИНА и со ЛЕН. Целта е да имаме Федерација која ќе застане на нозе и клубовите и пливачите да мислат само на резултатите – порача новиот претседател на ПФСМ, Горан Стојановски.

На Собранието присутен беше и спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет, Владимир Богоевски, кој го следеше изборот на новиот претседател, Горан Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот