Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски не е на официјалната листа за Оскари

Откако во ноември од Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) соопштија дека филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде нашиот кандидат за „Оскар“ во категоријата за најдобар долгометражен филм за 2021 година, филмот, сепак, не се најде на официјалната листа објавена од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС).

Иако во соопштението до јавноста стоеше дека филмот „Врба“ е прифатен и одобрен од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, сепак откако вчера беа објавени официјалните кандидати за „Оскар“, „Врба“ не беше меѓу нив.
Од академијата соопштуваат филмови од 93 земји биле квалификувани во категоријата – најмногу во историјата на Оскарите од кои само петнаесет филмови ќе се пласираат во следниот круг на гласање во категоријата меѓународни играни филмови.
Еве ги филмови кои се во оваа конкуренција:
„Another Round“ (Данска) во режија на Томас Винтерберг
„Better Days“ (Хонг Конг) во режија на Дерек Цанг
„Charlatan“ (Чешка) во режија на Агњешка Холанд
„Collective“ (Романија) во режија на Александар Нанау
„Dear Comrades!“ (Русија) во режија на Андреј Кончаловски
„I’m no Longer Here“ (Мексико) во режија на Фернандо Фриас
„Hope“ (Норвешка) во режија на Марија Содал
„La Llorona“ (Гватемала) во режија на Хајро Бустаманте
„The Mole Agent“ (Чиле) во режија на Маите Алберди
„Night of the Kings“ (Брегот на Слоновата коска) во режија на Филип Лакот
„Quo Vadis, Aida?“ (Босна и Херцеговина) во режија на Јасмила Жбаниќ
„Sun Children“ (Иран) во режија на Маџид Маџиди
„Two of Us“ (Франција) во режија на Филипо Менегети
„A Sun“ (Тајван) во режија на Чунг Монг-хонг
„The Man Who Sold His Skin“ (Тунис) во режија на Каутер Бен Ханија