Филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски е новиот кандидат за „Оскар“ за 2021 година

По големиот успех на македонскиот филм „Медена земја“ и филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски ќе биде во трката за престижната филмска награда „Оскар“.

Instagram
Instagram

Филмот „Врба“ ќе биде нашиот кандидат за „Оскар“ во категоријата за најдобар долгометражен интернационален филм за 2021 година, соопштија од Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ).

Други филмови кои биле предложени за оваа кандидатура се:

„Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски

„Исчезнатиот“ на Арбен Тачи

„Кеиф“ на Блаже Дулев

„Незо“ во режија на Мерита Чочоли.

Но комисијата се одлучила за филмот на Манчевски. Во соопштението до јавноста стои дека филмот „Врба“ е прифатен и одобрен од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука.

Instagram
Instagram

За жал, поради глобалната пандемија на коронавирус, 93-тата церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи на 25 април 2021 година во Лос Анџелес, Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот