ФИБА „Челенџер“: Македонските кошаркари за место во финалето против Унгарија

Фото: kfsm.mk

Унгарците ја завршија групната фаза на ФИБА „Челенџер“ во Шопрон за играчи „Под 20“ години со максимален ефект, совладувајќи ги Белорусија, Словачка и Косово со вкупна кош-разлика од 73 поени.

Во директниот дуел за првото место, домаќинот Унгарија беше подобра од белоруската селекција со конечен резултат 93:81.

Унгарците остварија три максимални победи и ќе бидат ривалот на Македонија во полуфиналето кое ќе се одржи в сабота од 19.30 часот.

Потсетување дека избраниците на селекторот Тони Симиќ во својата група забележаа две победи над Луксембург и Романија, а загубија од Швајцарците.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Швајцарија која беше првопласирана во групата со Македонија, и Белорусија која на досегашните три меча победи на два од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот